Одбележуваме 17 години од трагедијата со бродот „Илинден“ во Охридското езеро
На 5 септември се навршуваат 17 години од потонувањето на туристичкиот брод „Илинден“ во Охридското Езеро.
Трагедијата се случи во 11:45 часот по бугарско време, на 5 семптември 2009 г. на околу 200 метри од брегот. На бродот имало 55 бугарски туристи, од кои 15 ги загубија своите животи. Со интервенција на бродовите „Кристина“ и „Александрија“ се спасиле голем број туристи.
На 5 јули 2011 година Основниот суд Охрид ги прогласи за виновни двајцата обвинети во случајот за инцидентот – капетанот на бродот Сотир Филевски и хрватскиот државјанин Бранко Баиќ, кој ја издал потврдата за исправност на пловилото. Двајцата беа осудени на по една година затвор.
Според судот, Сотир Филевски не ги почитувал прописите за превоз и на бродот однел повеќе луѓе од дозволеното. За непочитување на законот за превоз е осуден и Бранко Баиќ, кој, според судот, не издал документ за ограничување на бројот на патници.
