МОЈА БЕСМРТНА ЉУБОВ ЈА ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА ВО ФИЛХАРМОНИЈА

Со еден од најдобрите пијанисти денес, врвниот Александар Мелников од Русија, и славниот маестро Антони Вит од Полска зад диригентскиот пулт, на 26 септември во 20 ч., почнува новата концертна сезона на нашата институција, чиј слоган годинава гласи „Моја бесмртна љубов“.

Концертот на отворањето е насловен „Моќта на Заратустра“, а ќе бидат изведени двете грандиозни дела: Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Лудвиг ван Бетовен и „Така зборуваше Заратустра“ од Рихард Штраус.

Слични Објави