| |

ЏАМБАСКИ ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ИДЕНТИТЕТОТ НА СОВРЕМЕНАТА РС МАКЕДОНИЈА НЕМА ВРСКА СО НАУКАТА И ФАКТИТЕ, НО И ПОКРАЈ ТОА НИЕ НЕ ГО ОСПОРУВАМЕ

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски објави преку социјалната мрежа facebook дека испратил писмо до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајер, во врска со нејзината средба со премиерот на РСМ, Зоран Заев. Во писмото како што објаснува Џамбаски и укажал на фон дер Лајен зошто има застој во преговорите на РС Македонија со ЕУ. Еве што пишува Џамбаски во самото писмо:

„Македонскиот премиер зборува за факти и наука поврзани со македонскиот идентитет. Можам да ве уверам дека идентитетот на сегашната РС Македонија не се поклопува со ниту еден од тие термини. И покрај тоа идентитетот не е услов којшто ние сме го поставиле пред нашите соседи за да започнат преговори со Брисел. Ниту нивниот јазик е услов. Ние не ги оспоруваме и не сакаме од нив да ги менуваат, сакаме само да затвориме едно долго и исполнето со многу жртви поглавје од бугарската историја. Додека посочува со прст кон нас во земјата на господинот Заев се случуваат нешта коишто се скандално нехумани и скандално неевропски. Во РС Македонија системски се нарушуваат човековите права од страна на самата власт, како правото на самоопределба и правото на говорење на бугарски јазик. Државните служби повикуваат луѓе кои читаат бугарски книги“, пишува во писмото европратеникот Џамбаски.



Слични Објави