ЗАХАРИЕВА: НАШИТЕ СОСЕДИ ПОВТОРНО ЈА БАРААТ ВИНАТА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ ЗА ДА ГО ОПРАВДААТ НЕИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПОТРЕБНИТЕ РЕФОРМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

//

„Денеска во Брисел за време на состанокот на Советот за надворешни работи истакнав дека почетокот на преговори за членство само по себе не е доволно за да се затврди улогата на ЕУ кај земјите во Западен Балкан“, напиша на социјалната мрежа facebook министерката за надворешни работи на Р.Бугарија, г-ѓата Екатерина Захариева.

„Потребно е државите од регионот да ги исполнуваат критериумите на ЕУ, да ги спроведуваат ефективно потребните реформи а исто така да запрат и со дезинформационите кампањи против држави- членки“, пишува Захариева.

Таа додава дека за жал и пред 4 години кога претседател на Советот на ЕУ била Бугарија соседни на Бугарија земји (без да ја спомнува РС Македонија) повторно обвинувале други земји како оправдување за неисполнувањето на реформите.



Претходна статија

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: БЕЗ СОФИЈА РС МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Следна статија

ЏАМБАСКИ ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ИДЕНТИТЕТОТ НА СОВРЕМЕНАТА РС МАКЕДОНИЈА НЕМА ВРСКА СО НАУКАТА И ФАКТИТЕ, НО И ПОКРАЈ ТОА НИЕ НЕ ГО ОСПОРУВАМЕ

Најново од Вести