ФОН ДЕР ЛАЈЕН: БЕЗ СОФИЈА РС МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

//

„РС Македонија не може да почне преговори за членство во ЕУ ако не го реши спорот со Бугарија“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев. Заев се наоѓа во дводневна посета на Брисел и веќе се сретна со Комесарот за проширување Оливер Вархеји, јавува БГНЕС.

Пред претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, Заев ја повторил позицијата на Македонија дека нема да започнеме преговори со ЕУ по цена на македонскиот идентитет и јазик.
Тие услови не фигурираат во барањата на Софија која секогаш и на сите нивоа истакнувала дека нема претензии кон македонскиот идентитет и јазик.

Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер соопшти дека фон дер Лајен ја потврдила поддршката за почеток на преговорите на РС Македонија со ЕУ, но тие не можат да започнат без согласноста на Бугарија.

Во однос на можноста Албанија и РС Македонија да бидат разделени по патот кон почеток на преговорите со ЕУ, портпаролот за проширување Ана Писонеро објасни дека Оливер Вархеји сака да се одржат меѓувладини конференции и со двете држави, но со оглед на фактот дека конечната одлука треба да се донесе од државите членки, ЕК нема влијание врз тој процес.



Претходна статија

ИСЧЕЗНАТИОТ СИБИРСКИ ЛЕКАР КОЈ ГО ЛЕКУВАШЕ НАВАЛНИ, ПРОНАЈДЕН ЖИВ

Следна статија

ЗАХАРИЕВА: НАШИТЕ СОСЕДИ ПОВТОРНО ЈА БАРААТ ВИНАТА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ ЗА ДА ГО ОПРАВДААТ НЕИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПОТРЕБНИТЕ РЕФОРМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Најново од Вести