БКИЦ: Голем аплауз за „Семеен албум“ на Општинскиот театар од Ќустендил на фестивалот KU’fest во Куманово
Претставата „Семеен албум“ на Општинскиот театар од Ќустендил беше изведена синоќа во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во рамките на третата вечер од Балканскиот театарски фестивал KU’fest, објави Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје на својата официјална страница на Фејсбук.
Во претставата настапија актерите Билјана Лачезарова, Јордан Данчев и Костадин Жеков од Општинскиот театар – Ќустендил.
Од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ја оценија вечерта како „емотивна театарска вечер“, истакнувајќи го настапот на актерската екипа во претставата на Малин Крстев.
„Огромни аплаузи за Општинскиот театар – Ќустендил, за целиот тим и актерската екипа на театарската претстава ‘Семеен албум’“, се наведува во објавата на Центарот.
Изведбата на „Семеен албум“ беше дел од програмата на третата фестивалска вечер на KU’fest во Куманово.
