| |

ВМРО ДПМНЕ : ВРЕМЕ Е СДСМ ДА ЗАМИНЕ ОД ВЛАСТ

Време е криминалниот картел да си замине од власт. Граѓаните немаат обврска да им плаќаат цвеќиња и кафиња во вредност од 700 000 евра. Граѓаните немаат обврска да им плаќаат тури по грчките плажи на децата на функционерите со службени возила.

СДСМ нема одговор за аферите и скандалите со јавните набавки и расипништвото за личните луксузи.

Панично правдајќи ги 700 илјади евра за цвеќе и кафе, споредуваат со набавката на владиниот мерцедес. Точната споредба вели дека блиндираниот мерцедес е поевтин од цвеќето и дека во него се вози Заев и неговите гости.

Власта не кажува дека ги задолжи граѓаните за точно 700 илјади евра за дел од болницата во Штип, а сега исто толку дава само за цвеќиња.

Кланот на власт треба да одговори до каде е продажбата на мерцедесот во кој што сега се вози нивниот лидер, но и дали ќе инсистира на цвеќе на сметка на нов загубен живот во здравството, се вели во соопштението на СДСМ.



Слични Објави