БРИСЕЛ ГО ЗАБРАНУВА ВОЗЕЊЕТО НА СТАРИ ДИЗЕЛ ВОЗИЛА ОД 1 ЈАНУАРИ 2020 Г.
Од први јануари 2020 стапува на сила нова регулатива во Брисел со која се забрануваат стари дизел возила, забраните се постепени до 2025-та кога речиси сите дизел возила ќе бидат забранети освен Евро 6. Целта на мерката е да се подобри квалитетот на воздухот во градот.
Институтот за животна средина става на располагање веб страница на која секој може да провери дали неговото возило смее да влезе во Брисел, платформата важи и за странски регистрации, кои имаат обврска да се регистрираат на платформата претходно.
Старите возила на дизел се забрануваат затоа што емитуваат највеќе опасни честички, додека автомобилите кои возат на гас се сметаат за бензинци.
