|

ЗАЕВ: АКО МИЦКОСКИ ПРИФАТИ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ЈАС НЕМА ДА БИДАМ НА ПРАТЕНИЧКА ЛИСТА

„Ако Мицкоски прифати една изборна единица, јас нема да бидам кандидат на пратеничка листа. Немам амбиции, немам дилеми, растоварен сум“, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Никола Мицевски дали Заев ќе прифати шпиц-кандидат.

Идејата за т.н. шпиц-кандидат ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кого најважно е да се пресликаат европските стандарди во Македонија, а тоа ќе се случи така што согласно европските пракси ќе се воведе кандидат за иден мандатар и токму тој ќе биде носител на кампањата која што политичките партии ќе ја спроведуваат.

„Ако сака Мицкоски, ќе играме шпиц-шпиц, крило-крило. Ќе седнеме на маса, ќе се договориме, еве веднаш сум подготвен да разговрам. Јас барам мандат за премиер, а шпиц-кандидат не е нешто ново, го имаа европската левица и десница“, рече Заев.



Слични Објави