|

ЈАКИМОВСКИ БАРА ВРАЌАЊЕ НА РАБОТА И РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРКАТА НА ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР- ИМА КУП НЕПРАВИЛНОСТИ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ОТКАЗ

Емил Јакимовски, кој во неделата на 12 јануари доби отказ од Централниот регистар, незадоволен од ваквото незаконско решение, како и од „незаконско работење и не познавање на законите од страна на доносителот на ова решение“, во понеделникот на 20 јануари поднел приговор до Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија во кој бара да го огласи за ништовно „Решението за откажување на договор за вработување“ поради неуставност на Решението, незаконитост на Решението, неправилно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Тој во исто така бара и разрешување на директорката на Централниот регистар на Република Македонија, Марија Бошковска Јанковски поради надминување на нејзините надлежности.

Имено, Јакимовски во својот приговор наведува дека директорот на Централниот регистар, повикувајќи се на непостоечки колективен договор, му има изречено отказ, при што, како што додава, треба да се има предвид дека со ваквото неуставно и незаконско решение директно му се нанесува материјална штета, а согласно член 353 ставови 1 и 2 од Кривичниот законик: „Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години. Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.

Прочитајте го целиот материјал на www.javno.mk

Слични Објави