ПОСЕТИТЕЛ ПРОПАДНА ВО „ЦРНА ДУПКА“ ВО МУЗЕЈ ВО ПОРТУГАЛИЈА

Забава Култура Разно Свет

Посетител на музејот „Сераљвес” во португалскиот град Порто буквално пропадна во инсталацијата наречена „Слегувањето во лимбо” на британскиот уметник Аниш Капур.

Според весникот „Арт”, 60-годишен турист од Италија бил хоспитализиран откако паднал во црната дупка длабока 2,5 метри поставена во музејот како дел од поставката.

По инцидентот, веднаш до уметничкиот објект бил поставен предупредувачки знак, а еден од вработените бил поставен внатре.

Музејот извести дека посетителот после несреќата се чувствува добро и е подготвена да се врати дома.