ВО БОЛНИЦИТЕ СЕ ЛЕКУВААТ 701 ПАЦИЕНТ СО КОВИД, ОКОЛУ 100 ПРАЗНИ КРЕВЕТИ ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ

/

Министерството за здравство информира дека на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 701 пациент и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември” имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти. Во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 86 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември” има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежи 91 пациент, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација нема пациенти.

Вкупно 289 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 400 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија, додаваат од Министерството за здравство, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.



Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14 во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид-центрите.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се вели во соопштението.

Претходна статија

ЏАМБАСКИ ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ИДЕНТИТЕТОТ НА СОВРЕМЕНАТА РС МАКЕДОНИЈА НЕМА ВРСКА СО НАУКАТА И ФАКТИТЕ, НО И ПОКРАЈ ТОА НИЕ НЕ ГО ОСПОРУВАМЕ

Следна статија

СКОПЈАНЕЦ ОБВИНЕТ ЗА УПОТРЕБА НА ФАЛСИФИКУВАНА ПОТВРДА ЗА ПЦР ТЕСТ

Најново од Вести