| |

СДСМ: КИРАЦОВСКИ ОД КУМАНОВО- СО ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ ОБЕЗБЕДУВАМЕ ЗАШТЕДИ ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖАТ ВОВЕДУВАЊЕ НА БЕСПЛАТНО БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

 

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски вчеравечер во Куманово учествуваше на отворена средба со граѓани, членови, поддржувачи и симпатизери на СДСМ.

На средбата на која присуствуваа и потпретседателот Оливер Спасовски и организациониот секретар Миле Зечевиќ беше разговарано за спроведувањето на економските мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, за актуелната политичка состојба, како и за идните предизвици на домашен и меѓународен план.

– Како парламентрарно мнозинство и Влада, во оваа неполна година усепавме да реализираме мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, но истовремено го поттикнуваат и економскиот раст. Иако наследивме катастрофална состојба, преку домаќинско работење успеавме да направиме солидна заштеда и тие пари да ги насочиме кон оние на кои им се најпотребни. Убедени сме дека доколку продолжи ова темпо на заштеди, дека веќе од јануари 2019 година ќе се создадат услови за да се воведе бесплатното болничко лекување за сите граѓани, но и социјалната помош да порасне тројно и да изнесува околу 11.500 денари за четиричлено семејство“ истакна Кирацовски.

Генералниот секретар Кирацовски се осврна и на предизвиците на меѓународен план и истакна дека Македонија прави крупни чекори на патот на евроинтеграциите, со што се обезбедува иднината на државата и сите граѓани.

– Успеавме да ја вратиме државата во евроинтегративниот процес. Преку политиките на пријателство и соработка од изолирана и скарана држава станавме држава која ги решава проблемите и дава позитивни примери. Продолжуваме по патот на евроинтеграциите, бидејќи тоа е патот на развој и напредок, порача Кирацовски пред граѓаните на Куманово, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

 

 



Слични Објави