|

Одбележуваме 103 години од смртта на идеологот на ВМОРО Христо Матов

На 10-ти февруари 1922 г. во Софија умира ХРИСТО АПОСТОЛОВ МАТОВ главен идеолог на ВМОРО и автор на општиот план на Илинденското востание, филолог, публицист и фолклорист.

Роден е 1869 г. во Струга. Завршил Бугарска гимназија во Солун, а потоа филологија на Софискиот универзитет. Во 1895 г. влегува во организацијата и е заменик член на ЦК. Потоа бил директор на Бугарското педагошко училиште во Скопје. Тој лично го посветува младиот Тодор Александров во организацијата. Укажува на србската пропаганда и планот да ги претворат македонските Бугари во отделна македонска народност, за да можат барем да ја предотвратат заплашувачката закана за целокупноста на Бугарија и дека македонистичките емисари се платени од србските конзули во областа. Учителствувал во Сер, Софија, Стара Загора, бил училишен инспектор во Скопската епархија и учител во Бугарската гимназија во Солун. Во Скопје го издава весникот „Санстефанска Бугарија“. Од 1896-1901 г. е член на ЦК на ВМОРО. Бил на заточение во Бодрум кале, а во 1906 г. е избран за член на задграничното представништво. Потоа бил окружен раководител на револуционерната организација во Скопје. Од 1911-1912 г. го публикува весникот „Вардар“. За време на Балканските војни е доброволец во Македоно-одринското ополчение на Бугарската армија и е награден со сребрен крст за заслуга и со орден. Во текот на Првата светска војна служи во штабот на Бугарската војска и бил редактор на скопскиот весник „Родина“.

После војната Христо Матов учествува во издавањето на албумот ИЛУСТРАЦИЈА МАКЕДОНИЈА.

“Во таа статија сакам да споделам неколку мисли со читателите за претензиите, кои во најново време ги подигнаа Србите врз оваа наша земја, која етнографски се нарекува Западна Бугарија, а археолошки е позната под името Македонија. Факт е, констатиран веќе, дека македонските Бугари започнаа да се пробудуваат порано од мизијците и тракијците…

Едно нешто Србите уште се надеваат да добијат, тоа е – да направат од македонските Бугари пособена македонска народност, та така белким да ја осуетат целокупността на Бугарија, која што ги плаши. Денес Македонија не е лишена и од таков род србска пропаганда. Има тука-таму личности, кои што така проповедаат и добиваат пари от србските конзули…

Србската пропаганда во Македонија е една напаст за нас, и, како секоја напаст, заслужува отпор. Но таа не е од оние напасти, кои можат да не’ соборат. Таа дури не е напаст, која може да не’ заплаши. Нас, Бугарите, не’ касале многу позабести животни и во многу понезгодни за нас времиња, и сепак, не само што не успеале да не’ загризат, но не успеале да си ги спасат и забите.“

СРПСКИТЕ ПРЕТЕНЗИИ ВО ЗАПАДНА БУГАРИЈА (МАКЕДОНИЈА), 1897 г.

“Српската пропаганда во Македонија е една напаст за нас, и, како секоја напаст, заслужува отпор. Но таа не е од оние напасти, кои можат да не’ соборат. Таа дури не е напаст, која може да не’ заплаши. Нас, Бугарите, не’ касале многу позабести животни и во многу понезгодни за нас времиња, и сепак, не само што не успеале да не’ загризат, но не успеале да си ги спасат и забите. Уште помалку причини имаме ние да се боиме од србската пропаганда, и да се боиме од неа денес. Тоа меѓутоа не ни дава право да скрстиме раце пред напаста. Нема потреба од очаен отпор; но, колку и слаб и да е, тој отпор треба да се даде. Колку поскоро се даде, толку е подобро за нас.”

СРПСКИТЕ ПРЕТЕНЗИИ НА МАКЕДОНИЈА, 1897 г.



Слични Објави