Перев за Дебати.бг: Наследникот на Заев е просрпски ориентиран

//

Колумнистот на Трибуна Владимир Перев даде кратко интервју за бугарскиот портал Дебати.бг. Истото ви го пренесуваме во целост.

Дебати: Што се знае во Северна Македонија за наследникот на Зоран Заев – Димитар Ковачевски?

Владимир Перев: Наследникот на Заев, Ковачевски е потполно непозната личност во Македонија. И во партиските кругови и во власта. Она што се знае за него е дека, долги години работел во сферата на финансите. Магистрирал во Црна Гора. Тој е од Куманово, татко му е македонски дипломат кој работел во Подгорица. Доаѓа од средина која има традиција во Социјалдемократскиот сојуз на поранешните комунисти. Нема изненадување во овој поглед. Изненадување е тоа, што е избран за наследник на Заев – и во партијата и во владата.

Дебати: Какви се очекувањата од него во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија?

Владимир Перев: Досега тој не покажа никаков ангажман. Спорно е дали има специјализација на Харвард, но тоа не е важно. Важното е дека тој го има тоа формално образование и дека ја презема партијата. Зад оваа одлука стојат неколку работи. На прво место – желбата на Заев да си замине од ова бурно време и јасно да ја покаже неможноста да остане и да ја води партиската политика на СДСМ и државната политика на Македонија. Заев го направи она што можеше според очекувањата. Тој го потпиша Договорот од Преспа и ја внесе Македонија во НАТО. Ова е важен историски чекор напред. Што се однесува до ситуацијата со Бугарија – македонското општество не разбира каква е реалната положба со нашиот источен сосед. Лидерите на СДСМ сметаа дека ова е Бугарија на Тодор Живков, која се наоѓа под руска окупација. Не велам дека руските сили немаат свое сериозно влијание во Бугарија, но сепак таа не е класично окупирана како за време на социјалистичкиот режим.

Дебати: Може ли да се каже дека Ковачевски е просрпски настроен?

Владимир Перев: Да, тој е просрпски и пројугословенски ориентиран со носталгија кон Белград. Поврзан е со Куманово, место каде што има најголемо движење на Југословените. Тој е пораснат со овие традиции. Тој е човек кој се потпира на југословенските и просрпските традиции.



Дебати: Дали има дадено некаков сигнал какви ќе бидат неговите политики?

Владимир Перев: Сè уште нема пораки. Мислам дека тој не ја разбира позицијата што ја зазема. Тој не знае што го чека и мисли дека се ќе се реши во движење. Во моментов нема изјава или објава од него – на пример во однос на Грција, Албанија или Бугарија. Во моментов најмногу зборува за економија, за финансии. Мојата генерација, не смета дека во моментов економијата е суштинска за меѓудржавните односи. Економијата отсекогаш била спореден обид за зближување. На прво место е политиката. Ако нема политика, нема економија. На пример, не можеме да зборуваме за железнички транспорт ако односите меѓу двете земји не се добри. Истото важи и за коридорот број 8. Проектите за овие патишта се виртуелни. Политиката треба да одлучува за нејзините прашања, потоа доаѓа економијата. На пример, прашањето за човековите права на македонските Бугари и нивното вклучување во Уставот,

Дебати: Ќе најде ли според вас заеднички јазик со Бугарија?

Владимир Перев: Времето за оваа работа одамна помина. Ситуацијата дојде до такво ниво што не можам да разберам што значи да се најде заеднички јазик. Ние, кои имаме заедничка историја, сме биле заедно 1200 години. Имаме едно писмо, религија, култура. Но, поради настани кои се случиле во последните 100 години, не можеме да се разбереме. Во моментов ситуацијата е дојдена до таму каде што бугарската влада го постави патоказот што Македонија мора да го исполни. Ако не го исполни – нема да има почеток на преговори. Или Македонија ќе потпише или Бугарија ќе признае дека Гоце Делчев, Самуил, Чернорицец Храбар се Македонци и дека Преродбата е македонски процес.

Тој не може да помогне со ништо. Општо мислење е дека овој човек не е тука да ги забрза преговорите со Бугарија. Ова е неговата последна грижа. Проблемот е поинаков – тој е тука да го стабилизира Социјалдемократскиот сојуз кој повеќе не собира и 20 отсто од гласовите. Се враќаат луѓе од времето на Бранко Црвенковски – негови блиски соработници кои на македонската заедница и ветуваат дека нема да го потпишат договорот во Бугарија, во кој нашиот јазик е бугарски. Новиот премиер е човекот кој мора да обезбеди мирен развој до следната година – октомври, ноември, кога може да има предвремени избори. Не е тука да решава проблеми, може да почне и да продава патриотизам, што ќе му го крене рејтингот пред обичните луѓе. Главната цел е да се стабилизираат односите внатре во самата партија. Сите што беа со Заев и го потпишаа Договорот од Преспа ја напуштија партијата. За општеството постои илузија дека се формира цврсто јадро. Но, процесот е веќе започнат. Клучната улога во настаните ја има Софија, а важна е и борбата на Софија против 5-та македонистичка колона составена од новинари и политичари.

Претходна статија

Познат бугарски продуцент со потекло од Егејска Македонија и врати на Капка Тодорова: Ако го изгубиме нашето достоинство сме изгубиле се

Следна статија

Бугарија има само еден пат кон РС Македонија

Најново од Интервју