Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги додели сертификатите на учесниците во програмата „Ден со македонските водечки извршни директори”.
Македонскиот претседател ја поздрави иницијативата за спроведување на овој проект, што се реализираше под негово покровителство, а во организација на Советот на странски инвеститори од Стопанската комора на Македонија, изразувајќи надеж дека менаџерите вклучени во проектот успешно ги пренеле нивните искуства и знаења на учесниците и дека оваа иницијатива ќе продолжи во Македонија.
Програмата се реализираше под покровителство на Претседателот на Република Македонија, а во организација на Советот на странски инвеститори од Стопанската комора на Македонија.
