| |

Нови откритија од Западната некропола на Хераклеја Синтика

Археолозите открија мајсторски извајано лице при истражување на уште еден ограбен и разрушен гроб од Антиката. Според раководителот на археолошкиот тим, проф. д-р Људмил Вагалински од Националниот археолошки институт со музеј при БАН, станува збор за дел од мермерна надгробна плоча со ликот на починатиот, најверојатно од I–II век.

Истражувањата кај Рупите, каде што се изведуваат спасителни ископувања по трасата на новиот гасовод, веќе се одвиваат на 4 метри под денешното ниво на теренот, соопштува Археологија Булгарика, пренесува БГНЕС.

Од тимот на проф. Вагалински најавуваат дека наскоро ќе следуваат уште нови откритија.

БГНЕС потсетува дека на 25 јуни археолозите открија теракотна фигура на божица и златни украси. Ден претходно беше пронајден богат двоен гроб на маж и жена.

Слични Објави