| |

ДИМИТРОВ: ЧЛЕНСТВО ВО НАТО ВО 2020 ГОДИНА

Целосна поддршка за Преспаснкиот Договор и полноправно членство во НАТО во 2020 година. Ова е пораката која министерот Димитров ја добил на самитот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел. Според него, членството во НАТО е гаранција дека Македонија ќе остане во сегашните граници.

– Планот е штом процесот кај нас заврши, да се финализира пристапниот протокол, кој заедно со Договорот од Преспа ќе оди на ратификација во парламентот во Атина. Потоа зависи од останатите парламенти од другите земји членки кога ќе се формализира нашето членство, тоа најверојатно ќе се заклучи некаде напролет 2020, изјави Димитров.

Во отпочнување на ратификацијата на протоколот во сите земји членкина НАТО, Македонија ќе треба да ја спроведе и реформската програма. Но, за Алинасата најважно е во моментов да се спроведат уставните измени согласно преспанскиот догвор.

Во рамките на самитотна НАТО во Брсел, се оствари и посебен сосатанок во присуство на високата преставничка на ЕУ Могреини посветен на земјите на Западниот Балкан.

Извор: Сител

Слични Објави