Правнукот на Гоце Делчев од неговиот најмал брат Христо, маестро Христо Христов го посети Европскиот парламент
Правнукот на Христо Делчев, најмалиот брат на Гоце Делчев го посети Европскиот парламент. Маестро Христо Христов, кој е најдиректен наследник на Гоце Делчев и истакнат диригент, во Брисел разговараше со бугарски и странски европратеници. Дел од темите на разговор беа односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. За средбите во ЕП информира бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев преку објава на својот фејсбук профил.
„Маестро Христов, кој престојува во Брисел на покана на европратеникот од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев, разговараше со известувачот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија Илхан Ќучук, со известувачот на групата ЕНП по истата тема Кристијан Сагартс и со бугарските европратеници.
Наследникот на Гоце Делчев се сретна и со претседателот на ЕПП Манфред Вебер и со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер, а во текот на разговорите се разговараше и за насилството во Република Северна Македонија врз лицата со бугарски идентитет.
Христо Христов истакна дека треба да се даде шанса да надвладее разбирањето: „Да ѝ дадеме на музиката можност да ги надмине омразата и неединството, што е нетипично за илјадагодишната историја на нашиот народ, а е инфилтрирано од комунизмот“.
Маестро Христов, кој е правнук на најмладиот брат на револуционерот, е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“, пишува Ковачев.
Маестро Христов го посети Европскиот парламент придружен од неговата сопруга Десислава Владимирова Христова.

