ИНТЕРПОЛ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПОТРАГАТА ПО САШО МИЈАЛКОВ

Во потрагата по Сашо Мијалков се вклучува и Интерпол откако вчера попладне MВР објави меѓународна потерница за поранешниот шеф на УБК.

loading...

На информативен разговор повикани се членовите на семејството на Мијалков, меѓу кои неговиот брат и синовите, како и припадниците на неговото обезбедување.



loading...

Од МВР, за Канал 5, велат дека се направени претреси во повеќе автомобили, земена е документација, мобилни телефони и лап топ компјутери, но засега од полицијата не откриваат дали имаат трага каде би можел да се наоаѓа Мијалков.