Д-Р СТОЈАНОВ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ: ОСТАНАВМЕ БЕЗ ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ, ЕДЕН ОД НИВ НАЈДЕ РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА

„Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, жените забременуваат, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптерети премногу здравствениот систем за да може да одговори на сите барања„ – вели директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје д-р Александар Стојанов во интервју за МИА.

Стојанов потврди и дека ЦЈЗ останал без тројца вработени.



„Во моментот останати сме без двајца епидемиолога и еден микробиолог. Едниот е на боледување веќе подолго време, другиот најде работа во Холандија и колешка е на породилно отсуство. Имаме отсутни и по други основи, но добиваме и помош од други институции, така да ја компензираме работата, со напор“, вели во интервјуто Стојанов