|

МИЦКОСКИ: ЌЕ ГО ПОНИШТИМЕ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Собранието порача дека недозволиво е да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања, пренесува Сител. 

„Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е Македонец а по нација Бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата“, изјави Мицкоски. 

Тој додаде дека ако се случи тоа идната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор ќе го поништи и никогаш нема да го почитува.



Слични Објави