(ФОТО) И ЈАС СУМ БУГАРАШ, СТАВЕТЕ МЕ ВО СПИСОКОТ

//

На Facebook страната на нашиот скромен медиум добивме интересен скрин шот со листа на македонски „бугараши“ кои како што се наведува во постот на групата треба да бидат плукани каде што ќе бидат видени.

Главниот уредник на порталот „Трибуна“, Атанас Величков, е леко навреден поради фактот што неговото име не е на списокот.

Ја пренесуваме неговата молба до администраторите на групата „Ајде да плукаме по Бугари и бугараши“.

„Почитувани, Ве замолувам да направите update на вашиот список и да го додадете името на мојата скромна маленкост. Јас исто така сум Бугарин (за вас бугараш) и бидејќи моето отсуство од овој список го чувствувам како навреда, би сакал да ме додадете.



PS: Забележав дека дали поради ниското ниво на интелегенција или поради преголема возбуденост на авторот/авторите на списокот, лидерот на партијата ГДУ, Петар Колев, сте го пишале два пати. 12-ката слободно можете да ја ослободите за мене ?. Со огромна почит, бидејќи непријателот треба да се почитува, Атанас Величков, уредник на „најбугарашкиот“ сајт во Македонија“.

Претходна статија

ГЕРОСКИ: ФАКТ ЧЕКЕРИ СПИЕТЕ ЛИ? МАНИПУЛАЦИЈА Е ДЕКА ГРУБИ ПРЕВЕДУВАЛ ВО „ЖОЛТАТА КУЌА“

Следна статија

КОЛЕВ ЗА СПИСОКОТ СО БУГАРАШИ ЗА ПЛУКАЊЕ: БЛАГОДАРАМ ШТО ДВА ПАТИ СТЕ МЕ ПИШАЛЕ

Најново од Вести