ВИСОК ИРАНСКИ ДИПЛОМАТ: НАШАТА ОДМАЗДА ЗА ГЕНЕРАЛ СОЛЕЈМАНИ Е ЗАВРШЕНА
„Иран ја заврши одмаздата за атентатот врз генералот Касем Солејмани и нема да презема понатамошни воени активности, освен ако има агресија од страна на САД“, изјави постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации, Маџид Тахт Раванчи, пренесува ТАСС.
„Сите наши дејствија беа пропорционални со убиството на Касем Солејмани. Тие се завршени. Ако Соединетите држави повеќе не преземаат воени активности против Иран, ние нема да преземеме вакви активности “, истакна тој.
Дипломатот додаде дека Иран постапил исклучиво според член 51 од Повелбата на ООН, остварувајќи го своето право на самоодбрана. „Ако САД сепак одлучат да преземат воена акција, Иван нема да има друг избор освен да одговори“, рече Тахт Раванчи.
