МИРОСЛАВА БУРНС СО ДВА КОНСТРУКТИВНИ ПРЕДЛОЗИ ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
„Неколку пати го слушав доктор Жарко Караџовски како повикува доколку некој има конструктивен предлог да му даде нему или на Комисијата за заразни болести да каже. Би сакала како граѓанин да дадам конструктивен предлог до Комисијата за заразни болести. Мојот предлог е да се ангажираат доброволци, многу доброволци, меѓу кои студенти по медицина, (но не мора да се медицинари) кои што ќе ги прават епидемиолошките анкети и ќе ги куцаат решенијата за изолација и ќе ги контактираат контактите на позитивните. Предлогот го давам поради тоа што во комуникација со заболени, добивам информација дека и по една недела не се контактирани да им се направи епидемиолошка анкета. Јасно е дека тоа не се прави од злонамера или од намера да се одбегне работа, туку од мали капацитети. Капацитетите мислам дека можат да се зголемат брзо, со доброволци од било која струка, кои ќе им се јавуваат на заболените и нивните контакти и ќе ги информираат дека некој од нивните контакти е болен. Верувајте, има луѓе што се болни и никому не кажуваат од нивните блиски.
Неколку пати го слушав доктор Жарко Караџовски како повикува доколку некој има конструктивен предлог да му даде нему или…Posted by Miroslava Byrns on Недела, 01 ноември 2020