ДЕСЕТГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ СЕ УДАВИ ВО РЕКА ВО ЧАШКА
Десетгодишно девојче се удави во река во село Бањица, општина Чашка. Девојчето вчера било пријавено за исчезнато, а неговото тело било пронајдено утрово.
„По вчерашното исчезнување во село Бањица, околу 9 часот, на малата десетгодишна Ешуриме Беќирова во надојдените матни води на Мала Река и вчерашното целодневно напорно пребарување, утрово е пронајдена под селото. Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето ‘Тодор Јанев’ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството“, напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.