ФЕЈСБУК МЕСИНЏЕР КОНЕЧНО ЌЕ ВИ ДАВА МОЖНОСТ ДА ЈА ИЗБРИШЕТЕ ИСПРАТЕНАТА ПОРАКА – ЌЕ ИМАТЕ 10 МИНУТИ ЗА ТОА

Забава Истакнато

Алатката за бришење на веќе испратени пораки на Фејсбук Месинџер, која беше најавена во април, конечно ќе биде возможна за сите корисници на апликацијата.

Корисниците ја забележале оваа опција регистрирана како „доаѓа наскоро“ во објаснувањето за новата верзија на Месинџер на оперативниот систем iOS. Оваа долго очекувана новина ќе овозможува простор од 10 минути за отстранување на пораката од заедничкото допишување.

Досега корисниците можеа да ги избришат пораките од допишувањето, но тие и понатаму остануваа во Месинџерот на примачот на пораката. Со новата услуга на корисниците ќе им се појави прозорец во кој ќе бидат запрашани да го потврдат својот избор.

Сè уште не е познато кога точно оваа опција ќе стане достапна за корисниците.

„Фејсбук интерно ги тестира производите и услугите пред да ги направи достапни за јавноста, со цел да се осигураме во квалитетот“, портпаролот на Фејсбук изјавил за ТечКранч.

Фејсбук беше ставен под притисок да ја овозможи оваа услуга за бришење на испратената порака откако сопственикот на компанијата беше уловен како брише сопствени пораки. Три различни извори потврдиле дека Закерберг исчезнал од нивниот инбокс без да бидат известени за тоа.