ВО ТУРСКИОТ ТЕАТАР ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА ЗА МЛАДИНЦИ „АНА И ХАНА“

Tурскиот театар вечер (8 ноември) во 19:00 часот на сцената на Театарот Комедија премиерно ќе ја изведе претставата за младинци „Ана и Хана“, во адаптација и режија на Драгана Гунин…

Во претставата, која е работена според мотиви од „Дневникот на Ана Франк“, настапуваат: Емине Халил, Жале Османли, Инес Радончиќ, Хакан Даци, Фунда Ибрахим, Един Јакуповиќ и други. Сценографијата за претставата ја изработи Беди Ибрахим, костимографијата Елена Вангеловска, музиката е на Ади Имери, а кореографијата на Александра Кочовска-Начева.

Слични Објави