Се шетате ли мирно г.Шилегов?! Или пак немате време за пешачење, и поудобно ви е во вашата луксузна кола ?!Си играт ли вашите деца и внуци спокојно во скопските паркови ?! Дали вашата сестра, братучетка безбедно и мирно одат да пазаруваат до најблискиот маркет?!
Секој ден на порталите читаме најмалку за еден случај каде што граѓанин е нападнат од куче скитник. Според официјални податоци од евиденцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство маркирани се 6000 бездомни кучиња но реално оваа бројка на бездомни кучиња е многу поголема.
Низ нашите македонски портали се прошири веста дека „ Градот Скопје издвои 7 милиони денари за справување со проблемот на бездомни кучиња кои касаат по градот“.
Статистиката која ја водат во Инфективната клиника покажува дека од почетокот на годинава од кучиња биле каснати над 400 граѓани, а во мај бројката е највисока и достигнала 134 лица. – Бројот на пациенти каснати од куче кои се јавиле на Клиниката за Инфективни болести од први март до денес изнесува: 115 прегледани лица во март, 126 во април, 134 во мај и 47 прегледани лица во јуни Последниот случај минатата недела кога едно куче во еден ден искаса четворица скопјани на улицата „Партение Зографски” над ОУ”Кочо Рацин” на Водно.
Г. Шилегов како и на кој начин вие ги употребивте тие 7 милиони денари за решавање на проблемот?! Дали го игнорирате повикот на граѓаните и опасноста со која се соочуваат секој ден?! Дали воопшто имате план или намера да го решите ова навистина загрижувачко прашање за граѓаните ?!
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) и од здруженијата за заштита на правата на животните, нагласуваат дека локалните власти не си ја вршат својата задача. Тврдат дека со години апелираат до општините за системски да го решат проблемот, но дека оттаму немаат никаков позитивен одговор.
Господине Шилегов граѓаните на Скопје не се безбедни! Стигна ли алармантната ситуација до вашите уши или тоа е занемарувачки и небитно за Вас?!
Шетате ли мирно г. Шилегов?! А спиете ли?!
Автор: Плетенка