| |

ГДУ: ХАЗБИ ЛИКА ДА СЕ ПОЈАВИ ПРЕД ЈАВНОСТА И ДА КАЖЕ ШТО СРАБОТИЛ

„Не портпаролот Мухамед Хоџа, туку вицепремиерот Хазби Лика треба да излезе во јавноста.
Прво да видиме дека нешто работи, како што тврди владиниот портпарол.
Второ на јавноста мора да и одговори и тоа со бројки колку од административците по Рамковен прераспределил. Колку од нив одат на работа, колку седат дома, а плата си тече.Колку пари од државниот буџет се долеваат за неработење?
Според законот три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ.
А законот нели мора да биде еднаков за сите, за тоа се бореа оние кои ја формираа Владата.
Законот мора да важи и за Хазби Лика и за оние кои наводно ги распределува.
А според се што се изнагледавме и изнаслушавме, очигледно во оваа држава која се стремиме да биде правна, принципот на „заштитени мечки“ и „привилегирани граѓани“ продолжува беспрекорно да си функционира. Само треба да си член на ДУИ и можеш да си правиш што сакаш.
За жал тоа е така кај нас, а во европските држави за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност.
Време е да се разбудат институциите, во спротвно никогаш нема да бидме подобри и нема да стигеме до крајната цел – Европа“- се вели во соопштението на партијата Граѓанско Демократска Унија.

 



Слични Објави