Петар Колев повикува македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија

//

Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија, повика претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев, преку објава на својот facebook профил.

„Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?“, пишува Колев.



Претходна статија

Тома Давидов како претскажување

Следна статија

Зеленски: За руските војници Украина е порта кон Европа

Најново од Вести