Бербатов дебитираше на театарската сцена со претставата „Разкодирање“
Поранешната бугарска фудбалска ѕвезда Димитар Бербатов дебитираше на театарската сцена во родниот Благоевград со премиерата на претставата „Бербатов: Разкодирање“, која беше проследена со силен аплауз од публиката, јавува Спортал.
„Емоцијата може да се спореди со мојот прв натпревар за секој од клубовите и со првиот натпревар за националниот тим. Огромна возбуда и мала трема“, изјави Бербатов по премиерата.
Претставата ќе продолжи со национална турнеја во 2026 и 2027 година. Следните закажани настапи се на 1 октомври во Пазарџик, 31 октомври во Стара Загора и 26 ноември во Плевен.
Бербатов ќе настапи и во Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Велико Трново, Шумен, Хасково, Казанлак, Габрово и Софија, а дополнителните датуми ќе бидат објавени дополнително.
