|

ЗА ШТО СЕ ПОДГОТВУВААТ АМЕРИКАНЦИТЕ?

На три дена пред изборите: Американците се вооружуваат до заби! Оружјето се продава како во огромни количини. За што се подготвува Америка!?

Американците купија 15,1 милиони оружја за време на пандемијата – од март до септември годинава, пишува “Њујорк тајмс“, повикувајќи се на податоците на ФБИ, пренесува „Во центар“.

Државата се вооружува со рекордно темпо во 2020 година – наведува весникот, нагласувајќи дека обемот на продажба на оружје се зголемил за 91 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Американците од африамериканско потекло кои претходно не поседувале оружје почесто доаѓаат во продавниците за оружје. Населението во Мичиген и Њу Џерси се вооружуваат со особено брзо темпо: во тие држави продажбата на оружје се зголеми за 198, односно 180 проценти, во споредба со минатата година.



Слични Објави