| |

ПОЧНА ЛИ ПРОЦЕСОТ ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ?

Без заедничка историја, нема бугарски пасоши?! Дали ова е уште еден притисок врз Македонија?

Бугарија веќе започнала со давање на одкази за добивање на државјанство, а бугарската Државна агенција за бугарите во туѓина(ДАБЧ) издала во последните 6 месеци над 5000 неодобрувања и откази за кандидати за бугарски пасош од Македонија, брифираат функционери од ДАБЧ за Трибуна.

Исто така високо поставени службеници во агенцијата, но и во министерството за правда на Бугарија, предложиле нов закон за бугарско државјанство, со кој да се одземаат државјанствата на сите кои немаат доказ за бугарско потекло, не се изјасниле на пописот како Бугари или не живеат во Бугарија. На списокот за одземање на државјанства има имиња на бизнисмени, новинари, политичари, членови на семејства на истите, но и обични граѓани.

Бившата директорка на секторот за бугарско државјанство кон министерството за правда, Катја Матева во неколку изјави во бугарските медиуми најави процес за одземање на бугарските пасоши, бидејки тие се издавани на основа на бугарско потекло, а голем дел од апликантите дале лажни изјави за кои се носи и кривична одговорност согласно член 313 од казнениот законик на Бугарија.

Слични Објави