| |

ХИПОКРИЗИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КРИТИЧКА МИСЛА

Искрено, пред да седнам да ја пишувам колумнава, размислував дали да се занимавам со дневно-политички настани или да продолжам со досегашната пракса на пишување критики од областа на политичката економија базирани на историскиот дијалектички материјализам и Марксовата теорија. Или пак теми кои ги опфаќаат геополитичкиот и геостратешкиот аспект на меѓународните односи кога е во прашање реалполитиката. Но, она што ми запаѓа во очи веќе подолго време е македонската политичка неписменост како резултат на кусогледоста на јавните чинители во политичкиот дискурс и аутистичноста на јавноста правилно да ги артикулира примарните интереси на нацијата и државата. Овде пред сѐ мислам на односите со Бугарија, кои наместо да одат во нагорна линија, стрмоглаво се движат надолу. Притоа загрозувајќи ги европските аспирации и доведувајќи ја во прашање имплементацијата на обврските кои треба да се спроведат како дел од трасирањето на евроинтеграцискиот пат.

Имам впечаток дека антибугарската политика која ја заговараат одредени политички центри како дел од исполнувањето на одредени интереси, сѐ повеќе зема замав во јавниот дискурс. Покрај веќе познатата реторика со која многумина се обидуваат да му дадат историска димензија на проблемот, наместо политичка, сведоци сме исто така на потикнување на говор на омрза, како резултат на реториката на поединци која доаѓа од спротивната страна, во случајов официјална Софија. Ваквиот контрапродуктивен наратив никому не служи, напротив, штетен е за двете земји кои немаат друг избор, освен заеднички да ги делат европските вредности.

Целата таа фама која се крева околу заедничкото чествување на Гоце Делчев и Илинденското востание во македонската јавност има за цел во целост да ги неутрализира последиците од фактот со повеќедецениското издавање на бугарско државјанство на македонски граѓани од страна на официјална Софија. А бројките се на нивна страна, ма колку да сакаат тоа да го негираат антибугарските политички експоненти кај нас. А еве што говорат бројките. Во период од една декада, од 2002 до 2012 година, близу 50 000 македонски граѓани имаат добиено бугарско државјанство, податок кој на крајот од 2012 година го има изнесено лично тогашниот Министер за внатрешни работи на Република Бугарија, Николай Младенов. Младенов посочува дека властите во Скопје не располагаат со точни податоци за бројот на македонски граѓани кои имаат бугарски пасош.

Оваа бројка се има зголемено во наредните години, но не со голема експоненционален раст, туку со просечна вредност од околу 5 000 одобрувања годишно, што не наведува до бројката од приближно 90 000 македонски граѓани кои поседуваат бугарски документи, издадени секако по легален пат, со почитување на законските прописи за добивање на државјанство на Република Бугарија.

Овој тренд на издавање на бугарски државјанства на странски граѓани, сходно грижата на бугарската држава за оние кои по род се чувствуваат како Бугари, а живеат во странство, не се однесува само на македонските граѓани, туку и на граѓаните на Украина, Молдавија, Србија, па дури и на Албанија и Косово. Така, друг извор наведува дека над 60 000 луѓе добиле бугарско државјанство од почетокот на 2012 година до почетокот на 2018 година. Од кои близу половина, или над 26 000 се Македонци (https://www.mediapool.bg/blizo-30-000-makedontsi-sa-vzeli-balgarski-pasport-za-6-godini-news280737.html)

Изворот потврдува дека само во периодот од мај 2017 година до јуни 2018 година, Државната агенција за Бугарите во странство издала 30.000 потврди за бугарско потекло – документ со кој се поднесува барање за државјанство во Советот за државјанство до Министерството за правосудство, кое го упатува на мислење на вице-претседателот. На прашањето на истиот извор, дали при постапката се запазени сите процедури, или имало манипулации во постапката, од Министерството за правосудство соопштуваат дека за оние барања за кои е потврдено дека припаѓаат на лица со криминални дејанија во Шенгенскиот информациски систем, им е откажано државјанството.

(ЦЕЛАТА КОЛУМНА НА ГОРДАН СТОШЕВИЌ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА WWW.CIVILMEDIA.MK )

Слични Објави