| | |

Одбележуваме 100 години од смртта на големиот револуционер и војвода на ВМОРО Ефрем Чучков

Пред точно 100 години, на 1 октомври 1923 умира големиот револуционер и војвода на ВМОРО Ефрем Чучков.

Ефрем Чучков, роден во Штип на 21 ноември 1870 г. во Штип. Тој е еден од најистакнатите личности на бугарското националноослободително движење во Македонија. Како револуционерен практичар, тој делувал главно инкогнито (бил одговорен за воениот дел, т.е. за подготовката и организацијата на четите).

Тој е првиот војвода во основаниот од Гоце Делчев четнички институт на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Уште во 1898 година формирал и раководел чета најпрвин во Малешевско, а потоа во Штипско, Кочанско, Скопско, Кратовско, Царевоселско итн. Секогаш бил еден од водачите на Организацијата: началник на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, а од 1908 година до неговата смрт во 1923 година бил втор по авторитет и чин во Организацијата (по Тодор Александров. кој, инаку, својата револуционерна дејност како четник ја започнал во четата на Ефрем Чучков).

Ефрем Чучков и Гоце Делчев (седат) со Климент Шапкарев.

Ефрем Чучков уживал голема доверба кај Гоце Делчев. Во своите писма до оние што сакале да се приклучат на револуционерната дејност (на пример до Павел Шатев), Делчев пишува: „Сакаш да се вклучиш во борбата? Тогаш оди кај Ефрем Чучков. Тој, ако те одобри, ќе ти даде оружје и пари и ќе те прими во Организацијата“.

Иван Гарванов, Ефрем Чучков и Милан Матов 1906 г.

За време на Балканската војна, во октомври 1912 година, со својата чета, која тогаш броела неколку стотици луѓе, и со помош на локални доброволци, Ефрем Чучков ги ослободил Штип, Кочани и Штипско од турското ропство, заробувајќи стотици турски војници. Потоа испратил писмено барање до бугарските управници да испратат таму барем неколку бугарски редовни трупи како засилување, за таа област да не биде окупирана од Србите. Чекајќи одговор од Бугарија, знаејќи дека српската војска се движи кон Штип, таму воспоставил импровизирана форма на привремена бугарска управа и решил со измама да испрати свои луѓе во Царството да донесат триста бугарски воени шинели. Со нив Чучков „облекол“ триста штипјани, а кога Србите се приближиле до Штипската Котлина за да ја окупираат, го запреле нивното напредување, бидејќи од околните височини гледајки со двогледите кон градот забележаа луѓе чија облека наликувала на униформи на бугарската војска.

За да ја засили оваа измама, Ефрем Чучков испраќа писмено „известување“ до Србите дека во Штип влегле бугарски редовни воени единици и е формиран бугарско воено командантство. Меѓутоа, Чучков, се разбира, нема никаков бугарски печат на располагање, и мора некако да го „официјализира“ своето известување. Затоа, тој загрева сребрена бугарска паричка од пет лева, со која ја притиска хартијата врз својот потпис. Така, во неговото писмо до српската команда се појавува маглив привид на печат, кој си ја врши работата.

По Првата светска војна, Ефрем Чучков, заедно со Тодор Александров, повторно ја изградиле Организацијата. Тој ја одбива официјалната функција што му била понудена во Софија во Државната комисија за бегалци и го продолжува патот на илегалната борба во планините на окупирана Македонија, која веќе била претворена во Јужна Србија. Неговата новоформирана чета била поразена и речиси уништена по низа нерамноправни борби со бројни единици на редовната српска војска (само во 1922 година водел 7 борби со српските воени единици). Тешко болен од здобиените рани и животните неволји во периодите на нелегалноста, Ефрем Чучков починал во Софија на 1 октомври 1923 година.

(По материјали на Јавор Чучков, правнук на војводата Ефрем Чучков)



Слични Објави