| |

Денков во Бугарската академија на науките учествуваше во свеченото отворање на новиот бугарски суперкомпјутер „Хемус“

Бугарските научници работат на високо европско ниво, изјави бугарскиот премиер Николај Денков, кој учествуваше на свеченото отворање на новиот бугарски суперкомпјутер „Хемус“. Суперкомпјутерот е дел од Инфраструктурниот комплекс за дигитална трансформација и пресметување со високи перформанси на Центарот зa информатиката и информациско-комуникациските технологии на БАН. Свеченоста се одржа во осмиот блок на „Научен комплекс – 1“ на Бугарската академија на науките (БАН).

„Ја знам работата на колегите, тие со години развиваат нови алгоритми. Тие работат на многу високо ниво и имаат потреба од опрема на високо ниво“, истакна премиерот. Тој посочи дека бугарските научници учествуваат во развојот на нови методи и во соработка со меѓународната научна заедница.

Денков увери дека државата ќе работи за подобрување на материјалната база, за подигнување нивото на научниот кадар и за покачување на платите.

На настанот свечено беше отворен и целиот нов инфраструктурен комплекс. Изградената инфраструктура е комплекс со четири главни слоеви, кои вклучуваат ресурси од типот на суперкомпјутер, систем за складирање податоци, локални центри за развој на апликации и капацитети за дигитализација. Развиена е интегрирана платформа која ги опфаќа сите слоеви на компјутерскиот екосистем, вклучувајќи ги мрежните и компјутерските ресурси и ресурсите за складирање податоци; услуги и алатки за работа на мултидисциплинарни научни заедници, соопшти БАН.

Слични Објави