Бугарската православна црква денеска го слави денот на Св. Јован Рилски-Чудотворец
Бугарската православна црква денеска го чествува Св. Јован Рилски – Чудотворец. Народот овој ден го нарекол Денот на Отецот – небесниот патрон на Бугарите.
На 19 октомври уште пред 1043 години моштите на светителот биле пренесени од Рилскиот манастир во главниот град Средец, по волja на самиот Отец, кој им се јавил на монасите и им наредил да го сторат тоа.
Сè повеќе Бугари го пронаоѓаат патот до Рилскиот манастир, до чудотворните мошти на светителот, како и до чудотворната икона на Пресвета Богородица, вели игуменот на манастирот – епископот Адрианополски Евлогиј.
Молитвата е на прво место, но потребни се и добри дела. Добро е да мислиме на Бога во тешкотии и искушенија, но уште подобро е кога немаме, да го бараме неговиот благослов, да ја бараме небесната заштита на свети Јован Рилски – Чудотворец, додава игуменот.
Мора да бидеме обединети. Мора да се следи патот на вистината. Верата може да нè научи да бидеме непристрасни и да имаме мир меѓу нас, забележува и епископот Адрианополски Евлогиј.
„Во мое име, се молам Бугарите да бидат вистински христијани, да ја научат верата и нашето општество да биде мирно затоа што ја исполнило својата должност.