Министерот за одбрана на Бугарија: Ќе поддржиме нови санкции на ЕУ против Русија

//

„Бугарија ќе поддржи нови санкции на ЕУ кон Русија доколку тие бидат воведени. Нашата земја ќе ја следи единствената европска позиција и ќе ги поддржиме новите санкции“.

Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов, цитиран од bTV. Засега нема докази дека бугарски државјани со руски пасоши се мобилизирани за војната во Украина.

Во однос на Консултативниот совет за национална безбедност, Стојанов изјави дека, истиот може да се свика кога има активен парламент или на барање на Владата.



„Мобилизацијата не се случува од денес за утре – тоа е долг и континуиран процес. Не е само да се облече цивил и да му се даде оружје, има подготовка за формации и дури тогаш истиот ќе биде испратен на бојното поле“, додава Стојанов.

Претходна статија

Главен експерт во бугарското МНР: РС Македонија бара голема количина на струја на многу ниска цена, бараме начин како да помогнеме, без да ги прекршиме европските регулативи

Следна статија

Средба кај претседателот Радев заради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Најново од Вести