|

Средба кај претседателот Радев заради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Почна средбата во Претседателството, на коja претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Г’л’б Донев, членовите на владиниот кабинет и шефовите на службите разговараат за безбедносните, економските и социјалните последици од ескалацијата на војната во Украина. Консултативната средба беше свикана од шефот на државата порано денеска. Претседателот Радев им посака добредојде на сите учесници во Салата на Грбот, по што сите влегоа на разговор, јавува БТА.

Консултативната средба на оваа тема доаѓа неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна воена мобилизација во Русија. Во изјавата истиот ден тој посочи дека во мобилизацијата ќе бидат вклучени само резервисти.

Претходно денеска, вршителот на должноста министер за одбрана Димитар Стојанов изјави за новинарите дека мобилизацијата на руска страна претставува ризик за националната безбедност, но нагласи дека засега нема закана од директно вклучување на Бугарија во конфликтот.

Министерството за надворешни работи истакна дека со екстремно внимание го следат конфликтот Украина-Русија, но во оваа фаза нема конкретна воена закана за Бугарија.

Слични Објави