МНР на Бугарија: Нема да ги признаеме референдумите организирани од Русија на украинска територија

//

Бугарија нема да ги признае референдумите организирани од Русија, соопшти на брифинг Министерството за надворешни работи.

„Референдумите објавени од Москва за пристапување кон Русија на регионите Доњецк и Луганск и делови од Запорожје и Херсон, се уште еден обид за нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нема да бидат меѓународно признати“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Костадин Коџабашев.



„Тие се само обид за легитимирање на воената инвазија на Русија, како и за промена на меѓународно признатите граници со сила. Тоа е уште еден обид да се наруши територијалниот интегритет на Украина. Ова секако уште повеќе ќе го влоши конфликтот. Нема потреба да се промени нивото на подготвеност на бугарската армија“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Бугарија.

Претходна статија

Средба кај претседателот Радев заради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Следна статија

Ковачевски-Шоле: Фокусирани сме на продлабочување на билатералното партнерство

Најново од Вести