Сонце и Македонци го преплавија Сандански
Жителите и гостите на градот Сандански уживаат во последните сончеви зраци пред заладувањето што се очекува да почне во претстојната недела, јавува БГНЕС.
Градот зрачи со смиреност без оглед на претстојните локални избори, граѓаните се шетаат по прекрасните градски паркови и улици, а центарот е полн со многу деца кои возат велосипеди и скутери.
Веќе напладне температурите беа околу 28 степени. Ретко беше да се видат луѓе, кои не се облечени во летна облека. Најголем број гости на градот се туристите од РС Македонија, кои доаѓаат со организиран превоз и приватни автомобили.
По централната улица „Македонија“ има многу транспаренти на учесниците на локалните избори, а рестораните се преполни со гости, а меѓу локалните специјалитети има и менија со морска храна.
Пред еден од хотелите, во разговор со македонски гости, еден од нив дојден од Скопје за БГНЕС вели: „Гледајќи што се случува кај вас, можам да кажам дека ние сме 20 години назад“.