(АУДИО)„ДРИСЛА“: КИПЕРИТЕ МОЖААТ ДА ПОЧЕКААТ, АМА ЏИПОВИТЕ НЕ МОЖАТ

/

Лагата излегува на површина. Коста Начевски, директор на „Дрисла“, поставен од Петре Шилегов, брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување луксузен џип за своите потреби како директор, обвини Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Еве и доказ и признание за тоа. На онлајн седницата на Советот на град Скопје претставникот испратен од Начевски и ‘Дрисла’, Дијана Велјаноска-Живановиќ, изјави: ‘да, се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот’, затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има.

Во прилог доставуваме и аудиоснимка од нејзиното обраќање и признание во отворениот дел од седницата. Ова аудиоснимка е доказ за ненормалната ситуација и забеганоста на Шилегов.

Лажгото Шилегов и манипулаторот Начевски се фатени во лага и треба да ѝ се извинат на јавноста.



Но она што е многу поважно, тоа е да ја стопираат одлуката за купување џипови за луксузирање на Шилегов и Начевски.
Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите, кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови“, додаваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.



Претходна статија

СПОРЕД БОКИ 13, ЗАЕВ ИНДИРЕКТНО ОКУРАЖИЛ ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ШУТКА ДА МУ ВИКААТ ПЕДЕР

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ВО ШТИП ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ ПЕТ КОНФЕКЦИИ

Најново од Вести