ФИЛИПЧЕ: ВО ШТИП ЌЕ СЕ ЗАТВОРАТ ПЕТ КОНФЕКЦИИ
„Беше донесена одлука во Штип да се затворат пет конфекции и ќе бидат тестирани 600 луѓе. Согласно, сите овие анализи нема неконтролирано ширење на вирусот. Се разговараше и дополнително воведување рестриктивни мерки, но едногласно беше дека ќе се почека во следните денови. Правиме интензивен скрининг“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот додава дека еден од главните проблеми во борбата со коронавирусот е слабата соработка со граѓаните, кои не сакаат да се тестираат.

