| |

АМЕРИКАНСКИ ПОЛИЦАЕЦ ПРЕТЕПА 11 – ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ЗАШТО ЗЕМАЛА МЛЕКО

Полицаец од американската држава Ново Мексико поднесе оставка , откако се појави снимката како претепува 11 – годишно девојче среде улица и тоа затоа што од школската кантина зела премногу млеко.

Полицијата на Фармингтон во неделата соопшти дека полицискиот службеник Захари Кристенсен се повлекол од должноста , откако е птворена внатрешна истрага за прекумерна употреба на сила за време на инцидентот што се случил на 27 август во училиштето Меса Види.

Снимките со бодикам, што е стандардна опрема на полицајците, покажуваат дека полицаецот насилно и го зема ранецот по вербална расправија помеѓу девојчето и директорот и наскоро ја фрла на подот за да и стави лисици со рацете, пренесува Дејли Меил.

Началникот на полицијата на Фармингтон Стивен Хеб изјави дека однесувањето на полицаецот не е во согласност со стандардите на одделот и истакна дека „нема оправдување за овој вид однесување“.

Кристенсен, наводно, се обидел да го уапси девојчето затоа што од кантината зела повеќе млеко отколку што требало и го фрлила млекото на подот.

Неидентификуваната ученичка се здобила со потрес на мозокот и повреди на рацете и на рамената.

„Не можеш да го навредуваш директорот. Доста ми е од тоа. Ти заврши “, вели Кристенсен во видеото. Потоа, 11-годишното девојче ја фрла на подот, а таа плаче и вели дека ја боли.



Слични Објави