|

ТОРА ГО ПОВИКА МАДРИД НА РАЗГОВОР ЗА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КАТАЛОНИЈА

Претседателот на каталонската влада, Ким Тора, денеска го повика официјален Мадрид на разговори за самоопределување на шпанската покраина, по неколкудневните масовни протести предизвикани од изречените затворски казни за сепаратистите од Каталонија.

Во телевизиско обраќање Тора го повика вршителот на должност премиер Педро Санчез да почне дијалог без услови, во кој каталонската влада ќе го брани своето право на самоопределување, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Шпанскиот премиер Санчез во понеделникот беше во Барселона, но не се сретна со Тора, кој неколку пати го покани на средба. Санчез не одговорил ниту на неговиот телефонски повик.

Извор: Макфакс



Слични Објави