ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА

//

Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, утре, 28 август, традиционално по 17-ти пат организира крводарителска акција во Домот на АРМ, од 9 до 17 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период, поради можностите од недостиг на крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 16 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.

Во 2003 година, кога за првпат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост, во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување крв. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3.708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција.





Претходна статија

ЗНМ И СЕММ СО ОСУДА ЗА НЕПРИМЕРНИОТ НАСЛОВ НА ТВ „АЛФА“

Следна статија

УТРЕ БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ВО ЦЕНТАР

Најново од Вести