Бугарскиот бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски финансиски го помогна детското ликовно ателје „Св. Кирил и Методиј“ во Битола

//

Бугарскиот бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски вчера го посети детското ликовно ателје „Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Од Фондацијата на д-р Врабевски „Бугарска Меморија“ информираат дека познатиот бугарски бизнисмен финансиски го помогнал ликовното ателје.

Од Фондацијата на Врабевски потсетуваат дека пред извесно време РС Македонија ја прекинала државната супсидија за ликовното ателје.

Ова лето ликовни уметници твореа во Пловдив и Софија финансирани од д-р Врабевски а сега се очекуваат нови посети во Бугарија и Брисел исто така финансирани и организирани од него, јавуваат од Фондацијата.

По посетата на ликовното ателје д-р Врабевски се сретна со претставници на Здружението „Македонско- бугарско пријателство“ во Битола и со претставници на Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во истиот град.



Потсетуваме дека д-р Милен Врабевски финансиски ги помага Клубот „Иван Михајлов“ во Битола и новоотворениот Клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

По традиција д-р Врабевски организира свечен ручек за пријателите на Бугарите во градот Битола.



Претходна статија

Химна

Следна статија

Ковачевски и Бектеши очекуваат сите пратеници да ги поддржат законските измени за спроведување на антикризните мерки

Најново од Вести