Од следниот петок ќе има казни за користење мобилен додека се преминува улица или се вози велосипед
Од следниот петок, 26 септември, стапуваат во сила законските одредби кои ќе го казнуваат користењето мобилен телефон и други електронски уреди додека се преминува улица или се управува со велосипед, тротинет, мопед, мотор, трактор или четирицикл.
Преминувањето на пешачки премин со мобилен ќе се казнува со 40 евра, додека возачите на велосипеди и моторни возила кои користат телефонски уреди ќе се соочат со казна од 50 евра. Законската регулатива истакнува дека не е дозволено користење на слушалки, таблети, смарт часовници или други уреди кои го намалуваат вниманието, освен специјализирани уреди вградени во заштитни шлемови.

