Ковачевски: Работиме на изнаоѓање долгорочно одржливо решение за „Пошта“

/

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на изнаоѓање начин за долгорочна одржливост на македонска Пошта, а за самиот објект којшто пред неколку години изгоре рече дека презема обврска заедно со ресорните министри тој да се онбови.

Одговарајќи на пратеничко прашање на Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека од 2012 година македонска Пошта креира загуба некаде од околу три милиони евра годишно и работи монополски на пазарот.

-Тоа е неодржлива ситуација. Секоја година Владата одвојува средства од својот Буџетот. Она што јас сметам дека треба да се направи е комплетна реорганизација на пошта односно првиот начин е приватизација, вториот е делумна приватизација со аукција или со избор на стратешки партнер, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

Според неговото искуство како што кажа Ковачевски најдобро е стратешки партнер, бидејќи тие се грижат за развојот на бизнисот.

Краткорочно, потсети Ковачевски, ние веќе имавме одлука на Влада за финансиска поддршка, но со услов синдикатот и менаџментот да излезат со план за рационализација и намалување на трошоците и воведување на нови платфпрми. Во меѓувреме владин тим ќе работи на долгорочна одржливост на поштата.



Што се однесува до просториите на државна Пошта, сооглед на тоа дека државата ја субвенционира тие немаат финансии да ги реновираат, додаде тој, ќе земеме обврска тој објект да се стави во функциија и да се користи.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

ДКСК: Министерството за правда не ја чува документацијата, не можеме да отвориме предмет за случајот со Барлет Џафери

Следна статија

РЕК Битола планира инвестиција од 30 милиони евра за замена на филтрите на блоковите 2 и 3 до 2025 година

Најново од Вести